Утрински Весник
Свет

Украина наместо на 7 јануари, Божиќ ќе го слави на 25 декември; Зеленски : Долго време сме подложни на руската идеологија

Казнета руска пензионерка која рекла дека Зеленски е згоден млад човек

Украина во иднина Божиќ наместо на 7 јануари, како што беше досега, ќе го слави на 25 декември, согласно законот што денеска го потпиша претседателот Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

“Украинскиот народ долго време беше подложен на руската идеологија во речиси сите аспекти на животот, па така Божиќ се славеше според јулијанскиот календар, на 7 јануари£, се вели во образложението на текстот што беше изгласан во средината на јули.

Во текстот се вели и дека „постојаната борба за сопствениот идентитет придонесува за свеста и желбата на секој Украинец да го живее својот живот во согласност со традицијата и сопствените празници“.

Според медиумите, потегот за Божиќ е последниот во серијата потези што Украина ги презеде во последниве години за да се дистанцира од Москва, вклучително и преименување на улици и градови кои потсетуваат на советската ера.

Иако беше под верска заштита на Русија неколку векови, Украинската православна црква беше прогласена за автокефална и независна од Московската патријаршија во 2019 година. Во мај 2022 година, украинската црква, која остана лојална на Москва, ја прогласи својата независност, реагирајќи на јавната поддршка за војната на рускиот патријарх Кирил.

Можете да прочитате

Раџави: Иранскиот народ треба да го собори системот на врховниот лидер Али Хамнеи

Иранска ТВ: Трамп го молеше Техеран за примирје

Генерал Замир: Ќе удриме со сила кон Иран откако сериозно го прекрши примирјето, Техеран негира лансирање ракета