Утрински Весник
Свет

Украина и Норвешка потпишаа договор за заедничко производство на украински дронови

Ukraina.webp.webp

Украинскиот министер за одбрана Денис Шмигал и норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик потпишаа договор за заедничко производство на украински дронови, објави украинската новинска агенција Укринформ.

„Украина и Норвешка заеднички ќе произведуваат украински дронови. Го потпишав соодветниот документ со норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик. Ова е важен чекор што ќе ни овозможи да ги прошириме нашите капацитети и да ја зајакнеме одбраната на Украина“, објави Шмигал на својот Фејсбук профил.

Според украинскиот министер, следниот чекор ќе биде брзото лансирање на пилот-производствена линија идната година, додека се работи на понатамошно проширување на капацитетот.

„Украина ќе го сподели своето искуство и иновации со Норвешка. За возврат, ќе добиеме силна производствена линија што ќе ги снабдува нашите војници со модерни дронови, како и соработка во истражувањето и дизајнот со водечките норвешки институции“, напиша Шмигал и ѝ се заблагодари на Норвешка за поддршката на Украина.

Можете да прочитате

Шпанските машиновозачи ќе штрајкуваат по сериозните несреќи

Американски министер: Гренланд мора да биде дел од САД, Данска е небитна

Трамп тргна за Давос, ќе се обрати во 14.30 часот по европско време