Утрински Весник
Свет

Украдени четири романски древни артефакти што биле позајмени на холандски музеј

20250128075313 Big 730x400 69.webp.webp

Романската влада е огорчена откако беше информирана дека непроценливо национално богатство, позајмено на холандски музеј, било украдено во кражба за време на викендот.

Крадците употребиле експлозив за да упаднат во музејот Дрентс во Асен, каде што украле четири антички романски артефакти, вклучувајќи го и златниот шлем стар речиси 2.500 години од Котофенешти, кој бил позајмен од Националниот историски музеј во Букурешт.


Директорот на музејот Дрентс грабежот го нарече „црн ден“ за установата и истакна дека за 170 години колку што постои музејот, вакво нешто не се случило, пренесува Политико.

Романскиот премиер, Марсел Чолаку рече дека владата формирала „кризен тим“ за враќање на артефактите, вклучително и претставници од Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Министерството за култура и Министерството за надворешни работи.

Чолаку додаде дека министерката за култура Наталија Интотеро разговарала за кражбата со холандскиот премиер и холандското кралско семејство на маргините на настанот во Полска по повод 80-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц.

Тој денеска истакна дека владата не одобрила заем на четирите украдени артефакти – шлем и три златни нараквици, на холандски музеј, правен предуслов за непроценливи предмети.

Можете да прочитате

Нема преживеани во сударот меѓу патничкиот авион на „Американ ерлајнс“ и воениот хеликоптер над Вашингтон

Најмалку 30 тела извлечени од реката Потомак по судирот на авион и хеликоптер кај Вашингтон

Маж избоден со нож во вратот во Франција: случајно се удрил во напаѓачот додека поминувал