Утрински Весник
Македонија

Укинат притворот за возачот на Палчо

DimkovskiPalevski.png

Укинат му е притворот на Стефан Димковски кој е осомничен за помагање при бегството на Љупчо Палевски-Палчо.

Одлуката тој да излезе од истражниот затвор во Шутка ја донел судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје.

„По предлог на надлежен обвинител за укинување мерка притвор за С.Д и определување мерки за претпазливост, судија на претходна постапка му определи мерки, забрана за напуштање живеалиште, одземање патна исправа, обврска за јавување во суд и одземање, односно забрана за користење возачка дозвола“ информираат за „Фокус“ од Кривичниот суд.

Можете да прочитате

На автобуска постојка во Центар ограбена жена при качување во автобус

Нова динамика во соработката со Мароко

Пријавување за субвенциониран студентски оброк од денеска до 5 април