Утрински Весник
Свет

Укинат па ставен во фукнција профилот од вдовицата Јулија Навалнаја на мрежата „Х“

Uli a navalna.jpg

Социјалната мрежа Х (поренешен Твитре) денеска го укина, па по кратко време го врати во функција профилот на Јулија Навалнаја, вдовица на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во затвор. Образложение за ваквиот потег на Х нема. Антикорупциската фондација на Навални го означи Илон Маск во објава за да праша „точно кои правилаги прекршилa Навалнaja. На својот профил Јулија Навалнаја го повика Кремљ „да го врати телото на Алексеј и да дозволи тој достоинствено да биде погребан“, по што следеше краткотрајна суспензија на профилот. Јулија се произнесе дека „не и е грижа како прес-секретарот на убиецот ги коментира овие зборови“. Таа во понеделникот таа го обвини рускиот претседател Владимир Путин за убиство на нејзиниот сопруг и рече дека наскоро ќе ги презентира доказите.

Можете да прочитате

Букурешт уништен од страотно невреме – ветрот корнеше дрвја, дождот направи реки од улиците (ФОТО/ВИДЕО)

Во Украина стигна првата група воени заробеници

Како почнаа судирите во Лос Анџелес?