Утрински Весник
Македонија

УХМР за вечерва предупредува на можна појава на брз пораст на водостоите поради интензивен дожд

Dozd.jpg

Од УХМР со предупредување – во попладневните и вечерните часови се очекуваат локални, краткотрајни, но интензивни врнежи од дожд.

Особено е потенцирано дека на одредени подрачја, каде што се наоѓаат мали речни сливови и суводолници, може да дојде до нагло зголемување на водостоите.


Од УХМР апелираат до граѓаните да бидат крајно внимателни при движење во близина на овие водени површини. Постои реален ризик од излевање или брз воден налет.

Иако врнежите ќе бидат краткотрајни, интензитетот може да биде значителен и да предизвика локални поплавувања или отежнато движење. Ова особено се потенцира за во руралните и ридско-планинските региони.

Се препорачува граѓаните навремено да ги планираат своите активности. Да следат официјалните информации и предупредувања од УХМР и надлежните институции.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна