Утрински Весник
Македонија

УХМР со најава за цела недела: Облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и грмежи

Dozd 3.jpg

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во текот на оваа седмица ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи, информира УХМР.

MK Summit

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи, силен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град.


Во Скопје, до крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

До петок ќе дува умерен до засилен јужен ветер и температурите ќе бидат без поголема промена, а од сабота со засилен северен ветер ќе бидат во опаѓање.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Можете да прочитате

Вечерва бензинската пумпа на Макпетрол во Аеродром не точи никакво гориво

ВЛЕН на средба кај Курти во Косово

(Видео) Полициски специјалци спасија повредено лице од Шар Планина