Утрински Весник
Македонија

УХМР: Следува стабилно време со студени утра и во наредните денови

20250204114349 Big 730x400 98.webp.webp

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

За утре најавено е да дува умерен, а вдолж Повардарието, засилен северен ветер. На места, температурата ќе биде и минус седум степени Целзиусови. Се очекува максималната температура да достигне 12 степени Целзиусови во Гевгелија.


За во Скопје најавена е минимална температура од минус три степени Целзиусови. Максималната се очекува да достигне до 10 степени Целзиусови.

– Во петок во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд во јужните делови, најавуваат синоптичарите.

Можете да прочитате

Обвинителот Ало Савески експресно го спаси Мицкоски од кривична пријава за само 2 недели

Филипче: Се повлекуваме од Комисијата за финансирање, ќе поднесеме и кривична пријава против Гаши

Пет нови линии од Скопје: Ќе се лета до Краков, Виена, Вроцлав, Сардинија и Сицилија