Утрински Весник
Македонија

УХМР предупредува: Невреме, пороен дожд и силен ветер ја очекуваат Македонија оваа седмица

Vreme1.webp.webp

До крајот на оваа седмица Македонија ја очекува променливо облачна временска состојба со сончеви периоди, но и со денови кога атмосферата значително ќе се дестабилизира, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според најавите на синоптичарите, најкритични ќе бидат вторник, петок и деновите од викендот, кога на повеќе места низ државата се очекуваат поинтензивни временски процеси проследени со пороен дожд, грмежи и силен ветер.


На одделни локации се прогнозира локален пообилен дожд од над 20 литри на метар квадратен, како и електрични празнења и засилен ветер кој повремено ќе достигнува брзина и над 70 километри на час. Во одредени региони временските процеси краткотрајно може да прераснат и во невреме.

Дополнително, од среда па во текот на следните денови ќе започне да дува и засилен северен ветер со брзина над 50 километри на час, што дополнително ќе придонесе за нестабилно и посвежо време.

Слична временска состојба се очекува и во Скопје и околината. Во текот на денот ќе има променливо облачно време со сончеви периоди, но во попладневните часови во делови од Скопската Котлина ќе постојат услови за краткотрајно невреме проследено со интензивен пороен дожд, грмежи и силен ветер.

Од УХМР апелираат граѓаните да бидат внимателни при престој на отворено, особено во попладневните часови кога се очекуваат најизразени атмосферски дестабилизации.

Можете да прочитате

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе нови кадровски одлуки за локалните комитети

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ падна на сопствениот патриотски тест

ВЛЕН: ДУИ 20 години манипулираше со употребата на албанскиот јазик