Утрински Весник
Македонија

Угостител од Охрид поставил 26 лежалки на јавна површина, полицијата поднесе кривична пријава

Угостител од Охрид поставил 26 лежалки на јавна површина, полицијата поднесе кривична пријава

Полицијата поднесе кривична пријава против Д. К. (32) од Охрид и против фирма со седиште во градот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело узурпација на недвижности.

dobivaj vesti na viber

„Пријавениот, во својство на сопственик и управител на правниот субјект, неовластено, на плажа на брегот на Охридското Езеро, зазел површина од речиси 70 квадратни метри, што со закон е определена како површина за општа употреба и противправно, без одобрение издадено од надлежен орган од Општина Охрид, поставил 26 лежалки и 15 чадори за сонце“, соопшти МВР.

Можете да прочитате

Трагедија кај Страцин: 28-годишен возач загина откако излета од патот

Кичевски: Раководството на СДСМ изгледа уплашено од новата платформа – Наместо разговор, СДСМ создава нови поделби

„И Здравје и Работа“: Падот на рударството е предупредување – на Македонија ѝ се потребни нови инвестиции, а не нови блокади