Утрински Весник
Свет

Југоисточна Австралија зафатена со топлотен бран, предупредување за температури до 45 степени

20250105113803 Big 730x400 14.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Југоисточна Австралија е погодена од топлотен бран викендов, кој продолжи денеска да се засилува, зголемувајќи го ризикот од шумски пожари, поради што властите воведоа забрана за палење оган во поголемиот дел од сојузната држава Викторија.

Австралија е во период на висок ризик од пожари, а пожарникарите минатата недела се справуваа со пожарот во Националниот парк Грампианс во Викторија, кој уништи домови и обработливо земјиште.


Државните метеоролози предупредија дека температурите денеска во некои делови на Викторија би можеле да достигнат до 45 степени.

Можете да прочитате

Автомобил влета во толпа на светлосна парада во Холандија, најмалку девет повредени

На аеродромот во Единбург авион на „Ryanair“ се судри со цистерна

Тројца тешко повредени по експлозија во хемиска фабрика во Франција