Утрински Весник
Македонија

Угина и царскиот орел кој беше пренесен на третман во скопската Зоолошка

Image 213190.jpg
Dik 300x250 mk

Повредениот и истоштен царски орел што пожарникарите од Доброволното Противпожарно Друштво од Кочани го однесоа во Зоолошката градина во Скопје заради негово згрижување и ветеринарен третман, откако пред четири дена го спасија од кров на викендичка на Пониква, за жал угина на ден 06. август, соопштија од Државниот инспекторат за животна средина.

Државниот Инспекторат за животна средина беше известен за случајот од страна на Македонското Еколошко Друштво, а комуницираше и со Управата на ЗОО Градина Скопје и ФВМ. Угинатата птица веднаш по угинувањето била однесена на Факултетот за Ветеринарна Медицина-ФВМ при УКИМ, Скопје каде од страна на стручни лица-професори се врши обдукција за да се утврди точната причина за угинувањето, информираа надлежните.

Македонското Еколошко Друштво по добивањето на финалниот обдукциски извештај ќе ја соопшти причината за смртта на царскиот орел.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме модел кој гради, обединува и носи резултати

Кривична пријава против поранешен директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата”

АНТИЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Студени утра, потопли денови и магла по котлините