И покрај тоа што унгарските медиуми објавија дека УЕФА ќе го исполни барањето на Унгарската фудбалска федерација за знамињата на кои е нацртана мапата на „Голема Унгарија“ да не се смета како политички и „расистички“ симбол, УЕФА појасни дека нема да може да се објавува знамето на кое покрај Унгарија се и делови на Романија, Србија, Хрватска, Словачка, Австрија и Унгарија.
Унгарците го сметаат мировниот договор од 1920 година, во кое Унгарија загуби две третини од својата територија, како неправеден, а фудбалската федерација тврдеше дека знамињата со вакви мапи само претставуваат изразување на историски симболи.
По бесната реакција на повеќе федерации, во прв план Романија, УЕФА директно одговори.
„УЕФА не го одобри, ниту ќе го одобри прикажувањето на симболи кои се споменуваат во објавата на Унгарската фудбалска федерација. Сметаме дека се работи за грешка, бидејќи претставување на овие симболи претставува прекршување на дисциплинскиот правилник на УЕФА околу политички и провокативни пораки“, се вели во објавата на УЕФА.