Утрински Весник
Спорт

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони

Uefa.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Европската фудбалска федерација (УЕФА) се соочува со потенцијална тужба од компанија од Чиле за новодна повреда на авторските права поврзани со новиот концепт на Лигата на шампиони.

Елитното европско клупско натпреварување од минагата сезона се игра во нов формат кој се покажа како многу успешен, но сега раководството на УЕФА се соочува со потенцијална тужба за повреда на авторски права.


Според светските медиуми, чилеанската компанија „MatchVision“ предводена од нејзиниот основач Леандро Шара тврди дека УЕФА им ја украла идејата и ја претставила како авторска.

Чилеанската компанија тврди дека новиот модел на ЛШ е заштитен со авторски права од 2006 година и оти  комапнијата го претставила концептот на неколку спортски саеми уште во 2013 година .

Медиумите наведуваат дека УЕФА има рок од 20 денови официјално да се изјасни за овој случај во кој компанијата бара 20 милиони евра отштета.

Спорот се води во судот во Лозана, а раководството на УЕФА ги негираше овие обвинувања и е подготвено да се брани на суд.

Можете да прочитате

Десетта победа за ТФТ во првенството

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025