Утрински Весник
Спорт

УЕФА потврди: Од следната сезона нов формат на европските купови

Uefa Scaled.webp.webp

Европската фудбалска федерација (УЕФА) денеска ја потврди промената на форматот на своите клупски натпреварувања – Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига од сезоната 2024/2025.

Така, групната фаза од сите три натпреварувања ќе има по 36 учесници, а новиот формат ќе донесе уште дури 100 натпревари само во елитното ниво на Лигата на шампионите.

Според новиот формат, секоја екипа ќе одигра по осум натпревари во новата лигашка фаза, но не со четири дома и на гости, туку со осум различни екипи.

Противниците ќе се избираат врз основа на четири жреба, а секој тим ќе добие по два ривали од секој од нив и ќе игра едниот дома, а другиот на гости.

Можете да прочитате

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Франција вечерва подготвува спектакуларно отворање на 33. Олимписки игри

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл