Утрински Весник
Спорт

Удинезе го шокираше Јувентус

O 1905667 1024.jpg

Во последниот натпревар од 24. коло на Серија А, Удинезе го шокираше Јувентус во Торино и триумфираше со 1:0. Ова беше прв триумф на Удинезе по девет години против Старата дама на гостински терен, што во голема мера ќе ги разниша амбициите на „бјанконерите“ шампионската трка да биде за нијанса подраматична и понеизвесна.

Решавачкиот гол беше постигнат во 25. минута. Српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ ја испрати топката во противничкиот шеснаесетник каде најдобро се снајде Лаутаро Џанети и му донесе предност на својот тим.

Јуве остана второпласираната екипа во Серија А со 53 бода, седум помалку со натпревар повеќе од „нероазурите“, додека Удинезе е петнаесетти со 22 бода.

Можете да прочитате

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Франција вечерва подготвува спектакуларно отворање на 33. Олимписки игри

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл