Утрински Весник
Македонија

Ќучук: Уставните измени ќе се најдат во македонското Собрание во рок од две недели

Ќучук: Уставните измени ќе се најдат во македонското Собрание во рок од две недели

Постапката во македонското Собрание за уставни измени за вклучување на Бугарите во Уставот на земјава ќе започне во рок од две недели, тврди бугарскиот европратеник и известувач за Европарламентот за земјава, Илхан Ќучук.

dobivaj vesti na viber

– Оваа или следната недела Владата ќе го достави конкретниот предлог на Работната група на расправа во Собранието, изјави Ќучук за бугарската телевизија бТВ.

Според него, вклучувањето на Бугарите, Црногорците и Хрватите во Уставот на Северна Македонија е многу чувствителен процес и како и при секое отворањето на кој било устав има сложена процедура кој бара јавна, но пред се политичка дебата.

– Врз основа на практиката на Европскиот парламент да не се објавуваат извештаи пред важни прашања, предложив разгледувањето на Извештајот за напредокот на земјата да остане за на есен, изјави Ќучук.

Тој смета дека одлагањето на разгледувањето на Извештајот ќе биде во полза за сите, но пред се за земјава, бидејќи ќе го добие потребното политичко време за да ги реши сите проблеми.

Ќучук изјави дека во извештајот се повикува земјава да води сметка за „нападитe врз лица со бугарска самосвест“ и да преземе мерки согласно законот. Тој негираше дека во подготовката на извештајот не работел под диктат и ги отфрли тврдењата дека од документот ги исфрлил „барањата на Бугарија за престанок на говорот на омраза и за почитување на правата на луѓето со бугарско национално чувство“.

 

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна