Утрински Весник
Македонија

Учество на министерот Муцунски на Високиот сегмент на Советот за човекови права на ОН

3 3.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ќе престојува во Женева, каде, заедно со други шефови на влади, министри за надворешни работи и високи претставници, ќе учествува на Високиот сегмент на 58-та сесија на Советот за човекови права на Обединетите нации, каде ќе се дискутираат клучните предизвици во заштитата на човековите права ширум светот, со посебен акцент на сензитивните подрачја.

Во рамки на своето учество, министерот Муцунски ќе оствари билатерални средби со високи функционери на Обединетите нации, како и со шефови на делегации од други земји. Овие средби ќе бидат насочени кон унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на позицијата на државата во глобалните процеси за заштита на човековите права.


Обраќањето може да се проследи во живо на следниов линк: https://webtv.un.org/en

Можете да прочитате

Првиот министер за правда Туше Гошев: Со мудра политика дојдовме до независност без човечки жртви

Книга стара 460 години се чува во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

Не се гласаше само во Македонија: Како дијаспората учествуваше во историскиот референдум во 1991 година