Утрински Весник
Македонија

Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат

Mucunski 780x470 1.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, утре во Варшава, Полска, ќе учествува на неформален работен ручек во т.н. GYMNICH формат – состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство.

Учеството на министерот Муцунски се остварува на покана од министерот за надворешни работи на Полска, Радослав Сикорски, во рамки на полското претседателство со Советот на ЕУ.


Дискусиите ќе бидат фокусирани на актуелните предизвици во европската надворешна и безбедносна политика, со посебен акцент на градењето отпорност кон хибридните закани.

Во рамки на престојот во Полска, Муцунски ќе ја посети меморијалната поставка во Треблинка и ќе положи цвеќе на спомен-обележјето на депортираните македонски Евреи.

Можете да прочитате

Пронајдени осум лица мигранти, уапсен криумчар од Албанија

Египетски државјанин крадел во хостел во Охрид

СДСМ: По падот на Вучиќ Алта банка префрла пари во Македонија – Обвинителството веднаш да отвори истрага