Утрински Весник
Балкан

Ученик се обидел со запалка да ја запали косата на првоодделенец во училиште во Нови Сад

Policija Police Pixa.jpg

Училишниот полицаец на 13 ноември пријавил во полиција во Нови Сад дека ученик со запалка ја запалил косата на седумгодишен ученик, а претходно тоа го правел и со рачката во тоалетот, потврдиле за РТС од српаската полиција.

За овој инцидент од Обвинителството велат дека нема елементи на кривично дело.

Овој инцидент се случил во основно училиште во Нови Сад.

Медиумите јавуваат дека станува збор за уште еден случај на насилство во кое ученик од петто одделение малтретирал првоодделенец, додека другите деца собрани наоколу гледале.

На социјалните мрежи се објавени наводни фотографии и изјави на родителите на малтретираното момче, пишува РТС.

Можете да прочитате

Албанија повторно ќе формира РКЕ,  акцизата на горивата ќе ја намалува за 20 отсто

Црна Гор ги намалува акцизите на горивата

Силен земјотрес ја погоди Грција