Утрински Весник
Македонија

Учениците на ООУ „Кочо Рацин“ добија нова современа фискултурна сала и нови специјализирани и опремени кабинети

Image 220217.jpeg

Учениците на ООУ „Кочо Рацин“, добија нова современа фискулурна сала, која беше реконструирана и нови специјализирани и опремени кабинети, ваквата вест ја објави градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски на неговиот Фејсбук профил.

„Целосно е обновен најстариот дел од училиштето, а новите простории се подготвени за квалитетна настава и образовен процес. Гордо ги гледам овие промени и напредок, кои се доказ за посветеноста во образованието.


Од срце им посакувам добредојде и на гостите од училиштето „Вук Караџиќ“ од Белград кое е збратимено со нашето „Кочо Рацин“. Ова е одлична можност за размена на искуства и градење пријателства меѓу учениците и наставниците на двете држави“, напиша Герасимовски.

Можете да прочитате

СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, но нема пари за Кочани и за пожарникарите

Судењето против поранешниот директор на Онкологија, Васев и тројца онколози одложено за 5 септември

Во тек гласање за кандидатите за Наградата за младинско учество