Утрински Весник
Македонија

Ученици од Битола изработиле веб мапа на спомениците од НОБ

Asnom Sala 300x148 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Учениците од основното училиште „Тодор Ангелевски“ во Битола ја изработија првата веб-карта на која се обележани локации со бисти на паднати борци, споменици, спомен-куќи и спомен-плочи од периодот на Народноослободителната борба во Битола, јавува СДК.МК.

Веб-картата наречена „Патеката на хероите – спомените што говорат“ претставува сеопфатен документ каде се претставени податоци за објектите, нивното значење, како и фотографии и анализи поврзани со животот и делото на паднатите борци.


Учениците кои го направија истражувањето под менторство на наставничката по географија Гордана Богоевска на мапата означија 51 локација со партизански обележја. Во различни бои и симболи ги претставија бистите на борците, спомениците, спомен-плочите и спомен-куќите, а со кликнување на локациите се отвора прозорче со сите податоци и фотографии.

„Повеќето од борците се запаметени како вечно млади зашто над 75 проценти умреле до 35. година, а од нив околу 50 проценти имале 19 до 25 години. Само пет борци доживеале над 55 години. Најмладиот борец Панде Кајзеро имал само 19 години. Меѓу спомен-плочите е и онаа на Блаже Рогозинаро, каде во објектот имало дуќан за рогозинарски работи, а позади илегален стан каде се криеле партизани“, кажаа учениците.

Можете да прочитате

Нов модел на специјализации, темелно се менува пристапот за креирање медицински кадар

Николоски и Мисајловски на работна посета во Република Унгарија

Кампања „Сигурни празници, без употреба на пиротехника“, годинава запленети трипати повеќе пиротехнички средства