Утрински Весник
Магазин

Јубилеен концерт на „Ареа“ во сабота во СП „Јане Сандански“ – 25 години од „Врати на имагинација“

20251106151720 big 730x400 64.webp.webp
Dik 300x250 mk

Со концерт во сабота во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, еден од најдобрите македонски бендови „Ареа“ ќе ја одбележи 25-годишната од издавањето на албумот „Врати на имагинација“ и 25 години од концертот што го одржа на Скопскиот саем. 

Бендот ветува незаборавна вечер со исполнување на сите хитови од албумот меѓу кои безвременската „Сите мои слики“, потоа „Одведи ме“, „Пријател“, „Биди мој“…., како и сите останати хитови. На концертот ќе настапи и младиот рапер и пејач Јанг Дади со кого „Ареа“ ја преработи песната „Очи ангелски“.

– За првпат ќе ги свириме сите песни од албумот „Врати на имагинација“, како и песните што досега сме ги свиреле. Концепциски ќе биде поинаку, енергијата ќе биде друга. Ова е самостоен концерт, јубилеј. Мислам дека ќе дадеме максимум од нас. Дади одлично се вклопи во приказната, неговата енергија супер се вклопи, истакна гитаристот Ивица Брчиоска од „Ареа“.

Ружица Милошеска-Брчиоска вели дека пред 25 години не можеле да бидат свесни дека нивните песни ќе станат дел од колективната меморија, но дека се среќни што тоа е така.

– Не можевме да бидеме свесни во тоа време. Кога Бобан ни предложи да организира концерт на Скопскиот саем бевме изненадени, мислевме дека не сме зрели за такво нешто, мислевме дека максимално можеме да го наполниме МКЦ како што тогаш беше пракса и со други рок бендови .меѓутоа Бобан има осет и не убеди дека мора да се одржи концертот, се присеќава Ружица.

Бобан Милошевски од „Авалон продукција“ вели – концертот беше повод да го направиме винилот, а винилот беше повод за да го направиме концертот.

– Една идеја во која сакаме „Ареа“ да продолжи со едно сознание кое ќе го добие на концертот, а тоа е колку има помлади генерации што ги слушаат, колку од постарите генерации и едноставно да видиме каде е Македонија во моментов со сериозни концерти, вели Милошевски.

Посетителите ќе имаат можност да го купат и албумот „Врати на имагинација“ на компактен диск кој ќе биде специјално потпишан од членовите на групата. 

Можете да прочитате

Слатко од тиква – 24info.mk

Ја напушти Америка за да гради кариера во Македонија: Антонио Тасевски е новиот вокал на Дакапо Бенд!

Каква зима не очекува ќе видиме на Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее