Утрински Весник
Балкан

Уапсено 21 лице во Атина за насилни кражби на ланчиња од граѓани во јавниот превоз

20241105110558 Big 730x400 13.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Грчката полиција разби група која со физичко насилство крадела ланчиња што луѓето ги носеле на врат, уапсено е 21 лице и расчистени се 129 случаи на кражби во Атина, меѓу кои, според медиумите во Грција и онаа на атинска плажа, кога непланирано беше пренесена во живо за време на линк на телевизијата „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од уапсените, 14 се малолетници, а во обвинението вклучени се и 48 други лица од кои 11 се во затвор.

Групата, кражбите најчесто ги вршела во јавниот превоз во Атина, пред сè во метрото и трамвајот, но и на централни плоштади.

Како што соопштија од грчката полиција, сторителите им приоѓале на жртвите и насилно со влечење или со физичко насилство им ги одземале ланчињата што го носеле на врат.

На почетокот на јуни, како што тогаш објави МИА, повозрасна жена остана без нејзиното ланче на атинска плажа откако во моментите кога се подготвуваше да влезе во море, непознато лице насилно и го извади од вратот и побегна, а сето тоа го сними грчката телевизија Скај за време на вклучувањето во живо за сосема друга тема.

Медиумите во Грција, денеска пишуваат дека меѓу уапсените е и лицето што ја ограби жената, но и дека уапсените на социјалните мрежи објавувале фотографии од нивниот плен.

Можете да прочитате

Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“ вреден 750 милиони евра; Вучиќ: Ова е многу лоша вест

 Бугарија ги претстави своите монети на Еврото

„Можеме!“ бара вонредна седница поради фемициди во Хрватска