Утрински Весник
Македонија

Уапсени рзабојници, ограбиле финансиско друштво во Скопје, а биле барани и со потерница поради бегство од затвор

Image 2025 12 05 140117196.png

На 04.12.2025 во 17:05 часот на ул.„Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода А.Ж.(37) од Скопје и К.Б.(33) од Битола.

Тие се сомничат дека на 03.12.2025 околу 18:40 часот во финансиско друштво на подрачјето на Кисела Вода во Скопје со закана од вработената одзеле пари. Кај нив се пронајдени пари за кои постои сомние дека потекнуваат од кривичното дело, а кај А.Ж. е пронајдена и грутчеста материја.

По преземени мерки констатирано е дека двајцата биле барани по централни потерници поради бегство од затвор. А.Ж. е баран за доиздржување затворска казна од 12 години, а К.Б. од три месеци.

Двајцата ќе бидат спроведени во надлежните казнено-поправни установи за доиздржување на казните и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Левица со амандмани против козметичките „реформи” на ДПМНЕ во Кривичниот законик 

Клековски: Во март следува уште едно зголемување на платите во јавното здравство, кое ќе биде процентуално

Приведен маж од скопско Идризово, со закани барал пари од поранешниот партнер на неговата ќерка