Утрински Весник
Македонија

Уапсени двајца тиквешани, возеле под дејство на алкохол 

Policija.webp.webp

Лишени биле од слобода двајца тиквешани кои изминатава ноќ возеле под дејство на алкохол, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

– Синоќа во 23:27 часот, на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода З.С.(48) од овој град. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.С. и по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.82 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР Велес.

Како што информираа оттаму, рано утрово во 02:10 часот, на бул. „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Б.Г.(31) од село Криволак, неготинско. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „пежо“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Б.Г. и по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.69 промили алкохол во крвта.

Од СВР Велес додадоа дека по насоки на јавен обвинител, двајцата возачи биле задржани во полициска станица, а возилата биле привремено одзeмени и по целосно документирање на случаите,  против нив ќе биле поднесени соодветни пријави. 

Можете да прочитате

МВР со детали за синоќешната драма во тетовско Гајре

За насилство врз дете пријавен наставник од Дебрца

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски