Утрински Весник
Македонија

Уапсен велешанец кој возел мотоцикл на игралиште, мотоциклот е одземен, следуваат пријави

Lisen od sloboda velesanec vozel motocikl na igraliste vo veles motociklot e odzemen sleduvaat prijavi image.jpg

На 17.07.2026 во 00:40 часот на улица „Хаџи Косте“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.Ќ.(23) од Велес, постапувајќи по претходна пријава и објавено видео на социјалните мрежи дека на игралиште во Велес управувал мотоцикл без регистарски ознаки.

По преземени мерки и извршени проверки, констатирано е и дека мотоциклот го управувал пред да се стекне со право на управување. За настанот е известен јавен обвинител, а мотоциклот е одземен и по целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.


Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол