Утрински Весник
Спорт

Уапсен кошаркар на Минесота

Уапсен кошаркар на Минесота

Американските медиуми јавуваат дека на Флорида е уапсен кошаркарот на Минесота Тимбервулфс Торин Принс.

dobivaj vesti na viber

Според извештаите, НБА играчот првпат бил запрен пред околу три месеци поради рутинска сообраќајна контрола, а полицаецот открил дека неговата регистрација на автомобилот е истечена.

Ова се случило на територијата на Тексас, па по натамошната контрола на возилото биле пронајдени два пиштоли и наркотици кои биле испратени на детални испитувања.
Утврдено е дека поседува марихуана и масло од канабис, а Принс е уапсен на аеродром во Флорида.

Принс во четвртокот бил префрлен во притвор во „Тарнер Гилфорд Гилфорд Најт“.

Следува натамошна постапка и испитувања, допрва ќе биде познато кави последици ќе сноси кошаркарот.

Минесота, во јуни, потпиша двегодишен договор вреден 16 милиони долари со Принс.
Минатата сезона Принс имаше просек од 7,3 поени, 2,5 скока и една асистенција по натпревар.

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026