Утрински Весник
Свет

Уапсен Германец во Ровињ, снимал голи деца со рачен часовник

Уапсен Германец во Ровињ, снимал голи деца со рачен часовник

Полицијата во Ровињ ја заврши кривичната истрага против 54-годишен германски државјанин и го утврди сомнението дека сторил кривично дело искористување деца за порнографија.

dobivaj vesti na viber

Како што објавија хрватските медиуми, германски државјанин е осомничен дека на 1 јули околу 17 часот на базен во туристичко место во Ровињ снимал голи деца со рачен часовник со интегрирана микро камера.

Чуварот го забележал човекот и го задржал до доаѓањето на полицајците кои го уапсиле мажот.

Во рамки на кривичната истрага, врз основа на судска наредба, полицијата извршила претреси и му ги одзела лаптопот, мобилниот телефон и два рачни часовници, а при претресот биле пронајдени фотографии и видео снимки со инкриминирачка содржина.

По завршување на кривичната истрага, осомничениот во вечерните часови на 2 јули е приведен во притворската единица на истарската полиција.

Можете да прочитате

ЕУ: Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина и нема да ги укинеме санкциите кон Русија

Три деца и наставник убиени во напад на училиште во САД

Трамп го спореди Зеленски со основач на патувачки циркус