Утрински Весник
Македонија

Уапсен 28-годишен скопјанец за шверц на мигранти од Египет

Whatsapp Image 2025 02 24 At 16.30.29.jpeg

Уапсен е криумчар на мигранти од скопско, кој превезувал пет лица од Египет.

Како што информираат од МВР, вчера навечер во гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен назор Богородица лишиле од слобода 28 годишен жител на скопското село Копаница.
При преглед во неговото возилото биле пронајдени мигранти.

Тие се спроведени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг” во Гевгелија, а по целосно документирање на случајот, против скопјанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Сончево и релативно топло време утре

СДСМ: Одбраната на Македонија почнува сега

Коцевски предложен за разрешување поради крупни професионални грешки