Утрински Весник
Економија

УЈП со потсетување: Време е за поднесување на ДДВ – 04 пријавите

Ujp.jpg

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ – 04 пријави дека рокот за поднесување е до 27 – ми јануари 2025 година.

До денес, од вкупно 41.531  очекувани ДДВ – 04 пријави, поднесени се 6.253 пријави, што претставува само 15,1% од вкупниот број. Остануваат уште 35.278 ДДВ – 04 пријави кои треба да се поднесат во преостанатите денови.


„Апелираме да бидете одговорни даночни обврзници и да ги доставите сите потребни документи до вашите сметководители, со цел навремено и точно да се обработат вашите ДДВ -04 пријави за овој даночен период. Не го одложувајте процесот! Поднесете ги вашите ДДВ – 04 пријави на време и бидете пример за одговорни даночни обврзници“ велат од УЈП

Можете да прочитате

Владата со мерки за високите цени на храната, ограничување на маржите до крајот на април

Ќе се замрзнува маржата на прехрабените продукти

АД ЕСМ и КфВ банка ги потпишаа договорите за реализација на ФЕ Битола 2 и втората фаза од ветерниот парк Богданци