Утрински Весник
Свет

„Њујорк Тајмс“: Суровикин знаел за планот на Пригожин

„Њујорк Тајмс“: Суровикин знаел за планот на Пригожин

Генералот Сергеј Суровикин, заменик-командантот на руските воени операции во Украина, знаел дека водачот на платениците Евгениј Пригожин планира бунт против военото раководство на Москва, пишува „Њујорк Тајмс“.

dobivaj vesti na viber

„Њујорк тајмс“ се повикува на американски претставници запознаени со американските разузнавачки служби за бунтот на Пригожин и наведува дека функционерите се обидувале да откријат дали генералот Сергеј Суровикин, поранешниот врховен руски командант во Украина, помогнал во планирањето на акциите на Пригожин минатиот викенд“, пренесува „Хина“.

Пригожин замина во егзил во Белорусија во вторникот според договорот со кој заврши кусиот бунт на „Вагнер“ во текот на викендот, додека претседателот Владимир Путин ги пофали неговите вооружени сили за избегнување на граѓанска војна.

„Њујорк тајмс“ објави дека американските власти, исто така, рекле дека има знаци дека други руски генерали можеби го поддржувале Пригожин.

Пентагон се уште не одговорил на барањето на Ројтерс за коментар.

Суровикин, кој руските медиуми го нарекуваат „Генерал Армагедон“, во октомври беше ставен на чело на операциите во Украина, но во јануари рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го назначи началникот на Генералштабот Валериј Герасимов да ја надгледува кампањата, а Суровикин стана негов заменик.

Пред да започне бунтот, Пригожин беснеел и против Шојгу и Герасимов, обвинувајќи ги за неуспехот на кампањата и недостатокот на армиска поддршка за борците на „Вагнер“.

Суровикин ја повикал групата на „Вагнер“ да се откаже од бунтот против военото раководство и да се врати во своите бази непосредно пред Пригожин да ги поведе своите борци на таканаречениот „марш за правда“ кон Москва, пренесува „Ал Џезира“.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата