Утрински Весник
Свет

Њујорк тајмс: Нетанјаху го откажа одмаздничкиот напад врз Иран по телефонскиот разговор со Бајден

Netjanjahu I Bajden.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот претседател Џо Бајден го одврати израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да одобри итен одмазднички напад против Иран, откако Техеран синоќа лансираше околу 300 нападни беспилотни летала и проектили врз Израел, објави Њујорк Тајмс.

Според весникот, неколку членови на воениот кабинет на Израел биле за итен одговор, но поради што иранскиот напад не предизвикал сериозни штети, Нетанјаху бил разубеден од Бајден.

Во тек е средбата на Воениот кабинет со кој претседава Нетанјаху на која ќе се донесе одлукла за понатамошните чекори.

Претходно, шефот на израелската дипломатија Израел Кац истакна дека внимателно се одмеруваат чекорите по големиот напад од Иран.

Можете да прочитате

Тројца загинати по експлозија во Москва

Папата Лав XIV повика на божиќно примирје низ целиот свет

Воена делегација од Либија загина во авионска несреќа јужно од Анкара