Утрински Весник
Свет

„Њујорк тајмс“: Бајден усвоил тајна нуклеарна стратегија за задржување на Кина

Usa China.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на САД Џо Бајден неодамна одобрил строго доверлив план за нуклеарна стратегија кој што наведува  нуклеарно задржување на Кина со цел да се спречи проширувањето на нуклеарниот арсенал на Пекинг, соопшто синоќа весникот „Њујорк тајмс“.

Бајден исто така наредил американските сили да бидат спремни за можни координирани нуклеарни напади од Русија, Кина и Северна Кореја. Брзото проширување на кинеските нуклеарни сили во следната деценија би можело да парира на оние на САД и на Русија.

Белата куќа никогаш официјално немаше соопштено дека Бајден одобрил ревидирана стратегија, позната како „Водич за употреба на нуклеарно оружје“, се наведува во статијата на весникот.

Недоверливо известување за ревидирањето на стратегијата се очекува да биде испратено до Конгресот пред Бајден да ја напушти функцијата. Во неодамнешни јавни настапи на двајца високи претставници на администрацијата им беше дозволено индиректно да го споменат ревидирањето на стратегијата, соопшти весникот.

Стратегијата се ажурира отприлика на секои четири години.

Оваа администрација, како и четирите претходни, го објави Прегледот на нуклеарната политика и Водичот за планирање на употреба на нуклеарно оружје, рече Шон Савет, претставник на Белата куќа,.

-Иако конкретниот текст на Водичот е доверлив, неговото постоење не е тајна. Водичот, издаден на почетокот на годинава, не е одговор на некое конкретно лице, земја или закана, додаде Савет.

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична