Утрински Весник
Спорт

Љуљ: Јас сум виновен за синоќешната катастрофа

Љуљ: Јас сум виновен за синоќешната катастрофа

Серхио Љуљ се извини на Твитер по хаосот на вториот натпревар од четврт-финалето на Евролигата, во кој Партизан го победи Реал Мадрид на гости со 80:95. Мечот беше прекинат на минута и 40 секунди до крајот по жестоката тепачка во која се вклучија сите кошаркари на двата тима, освен Руди Фернандес.

dobivaj vesti na viber

„Тоа што се случи синоќа не требаше да се случи на кошаркарскиот терен. Ја преземам одговорноста за грубиот прекршок што ја предизвика катастрофата. Им се извинувам на љубителите на кошарката“, напиша ѕвездата на Реал Мадрид.

На крајот од вториот натпревар против Партизан во Мадрид, кога веќе беше јасно дека српскиот тим убедливо ќе победи, Љул непотребно и грубо го фаулираше Кевин Пантер од Партизан. Со тоа започна прекинот на играта и голема тепачка на речиси сите играчи на двата клуба.

Тешко е повреден Данте Егзум, откако Гершон Јабуселе, висок два метри и тежок 123 килограми, брутално го собори на подот.

Можете да прочитате

Познати првите пет учесници во нокаут рундите на Лигата на шампионите

Планинарскиот спортски клуб „Пелистер“ слави 90 години постоење

Исландски судии за натпреварот Шкендија – Слован