Утрински Весник
Свет

Лекарите во Полска отстраниле циста на јајници тешка сто килограми

Лекарите во Полска отстраниле циста на јајници тешка сто килограми

Лекари во Полска на пациент му отстраниле циста на јајниците тешка 100 килограми, соопшти Универзитетската клиничка болница во југоисточниот полски град Жешов.

dobivaj vesti na viber

На 24-годишна жена ѝ настанала шуплина исполнета со течност на јајниците, соопштија од клиниката.

„Дијаметарот на туморот беше околу еден метар“, вели д-р Ана Богачик од гинеколошкиот оддел.

Кога се пријавила во болница пред една недела, пациентката висока 158 сантиметри тежела 182 килограми. Прегледот бил исклучително тежок бидејќи пациентката не можела да се смести во КТ скенерот, велат лекарите.

„Како медицински тим, генерално знаевме што се случува“, рече Томаш Клуз, шеф на гинекологија. За време на операцијата, лекарите извадиле околу сто литри течност, а потоа ја отстраниле цистата.

Тие не нашле никакви патолошки промени во карлицата или стомакот. Пациентката рече дека не се осмелила да оди порано во болница бидејќи се плашела.

Можете да прочитате

Папата Лав XIV опериран од рак на белите дробови – отстранет му е дел од десното белодробно крило

Москва: НАТО се подготвува за конфликт со Русија, нека не ја минува границата

Вонредна состојба на аеродром во Германија – Прекинати сите летови