Утрински Весник
Македонија

ТВ21: Димитриевски можен кандидат за министер за одбрана, ВМРО-ДПМНЕ го добива Куманово, а ЗНАМ – Центар?

Maksim Znam.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во пресрет на локалните избори, интензивно се водат преговори помеѓу коалициските партнери од владата, како и меѓу ВМРО-ДПМНЕ и движењето ЗНАМ, пренесува tv21 повикувајќи се на упатени извори.

Соговорниците брифираат дека се разгледува опција за соработка на локалните избори, но истовремено се отвораат и теми поврзани со можна реконструкција на Владата.


Според телевизијата, ВМРО-ДПМНЕ го побарало Министерството за правда, со оглед дека тоа моментално е во рацете на ЗНАМ. За возврат, би го отстапиле Министерството за одбрана, кое сега е раководено од ВМРО-ДПМНЕ, но под услов нов министер да биде Максим Димитриевски, актуелниот градоначалник на Куманово.

Во истиот пакет на преговори, ВМРО-ДПМНЕ бара поддршка од ЗНАМ за нивниот кандидат за градоначалник на Куманово, додека за возврат би дале поддршка на кандидатот на ЗНАМ за општина Центар

Можете да прочитате

Деспотовски до Филипче: Нема да дозволам со една одлука да избришеш 30 години работа и жртва

Пешак удрен од автомобил во Тетовско

ГП Евзони повторно блокиран – 24info.mk