Утрински Весник
Македонија

Турските влечни хаубици БОРАН испорачани во Македонија

20250621150906 big 730x400 44.webp.webp

Турските влечни хаубици БОРАН со калибар од 105 мм минатата недела се испорачани во Македонија, а официјалната нивна промоција ќе се одржи следниот месец, потврди за МИА министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Детали за договорот не може да се соопштат, вели Мисајловски, бидејќи тој е класифициран.


Информцијата дека Македонија стана првата европска земја што ги добила турските влечни хаубици БОРАН со калибар од 105 мм ја соопшти турското Министерство за одбрана.

– Честитки до сите што придонесоа за овој успех, кој има големо значење со оглед дека станува збор за прв извоз на нашите хаубици во Европа, се посочува во соопштението на турското Министерство.

Договорот за испорака на хаубиците е потпишан на 21 декември 2022 година, а тие се испорачани заедно со соодветна муниција.

БОРАН се смета за најлесната хаубица во својата класа и може да се транспортира со хеликоптер, што ја прави особено погодна за мобилни операции. Има дострел до 17 километри и може да се распореди за една минута

Можете да прочитате

„Опстојувањето е пркос, не преживување!“ Шестата парада на гордоста

„Страшен е животот што го живееме сега, протестираме и за вашите деца“ потресно сведоштво на татко од Кочани

Oд Словенија стигна донација од 4.070 лепенки за третман на изгореници за повредените од Кочани