Утрински Весник
Балкан

Турските власти уапсија 170 осомничени за врски со Исламска држава

Policija turcija.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Припадниците на турската антитерористичка полиција во текот на изминатите две недели, уапсија вкупно 170 осомничени за врски со терористичката организација Исламска држава, соопшти денеска министерот за внатрешни работи на Турција Али Јерликаја.

Тој на социјалните мрежи информира дека осомничените се уапсени поради претходни активности во рамките на Исламска држава, како и финансирање на таа организација.

Јерликаја изјави дека операциите за апсење се спроведени во 32 провинции, во координација со државното обвинителство, генералниот директорат на разузнавачката служба и националната разузнавачка агенција, јави Анадолија.

– Продолжуваме со операциите, 365 дена во годината, со цел да обезбедиме мир и стабилност во секој регион на нашата земја, нагласи турскиот министер.

Можете да прочитате

Србија со најнизок мигрантски притисок од 2015 година

Хаос во албанскиот парламент – опозицијата запали бакљи поради обвинувања за корупција

Рама го посети поранешниот претседател на Косово во притвор