Утрински Весник
Балкан

Турските дронови „Бајрактар“ испорачани во Албанија

20240301121756 big 730x400 34.webp.webp

Турски беспилотни летала „Бајрактар“ се испорачани во Албанија, истакна денеска албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши.

Тој на Фејсбук наведе дека е почнато склопување на беспилотните летала, како и паралелно поставување на потпорната инфраструктура за нивно работење и контрола.

Според него, овој развој „не само што ги зголемува одбранбените способности на Албанија, туку служи и како доказ за посветеноста на земјата да ја гарантира националната безбедност“ и „исполнувањето на највисоките одбранбени стандарди“.

„Ова достигнување е симбол на нашата посветеност на модернизација и иновација за нашите вооружени сили“, рече Пелеши.

Можете да прочитате

Вучиќ го осуди упадот во „Информер“ и ги обвини ЕУ и новинарските здруженија за молк

Група граѓани вечерва упаднале во канцелариите на „Информер“ во Белград

Вкупно 352 Бугари во Македонија гласале на изборите за претседател на Бугарија – најмногу за двојката Јотова и Влчев