Утрински Весник
Магазин

Турските бањи сè повеќе придонесуваат за економијата на Истанбул

Istanbul view 1.jpg

Местата со традиционална турска бања, позната и како „амам“ (hamam), сè повеќе придонесуваат за економијата на Истанбул, особено зиме, благодарение на зголемениот интерес меѓу странските и домашните посетители – според службениците на бањските центри во турскиот град, јави Агенцијата Анадолија.

Според Тахсин Каљон, претседател на Трговската комора на турски бањи, спа центри, сауни и сопственици на салони за масажа во Истанбул, благодарение на зголемениот интерес од странските туристи и младите Турци, како и „верувањето во лековитите својства на турските бањи“, традиционалните амами во Истанбул бележат зголемување на посетителите за 60-70 отсто во текот на зимските месеци и играат сè поважна улога во економијата на градот.

– Имаме 45 – 50 историски бањи и 100 – 150 современи бањи во Истанбул. Ние сме сектор со висока вработеност, со околу 20.000 луѓе кои моментално работат во бањите во Истанбул. Многу сме среќни што туристите се заинтересирани за оваа отоманска традиција, рече Каљон.

– Секој знае дека турската бања значи чистота. Ние, исто така, му придаваме важност на ова. Туристите од странство доаѓаат од љубопитност, а ние секогаш имаме и тукашни корисници. Ги нудиме нашите услуги на сите нив со грижа. Попрометно е во зимските месеци бидејќи кога времето ќе се залади, турските бањи служат како топло засолниште кое привлекува толпи луѓе, додаде Решат Турунч, сопственик на историски амам во центарот на Истанбул, истакнувајќи дека туристите од Русија во овој миг покажуваат најголем интерес за традиционалното искуство.

Каљон истакна дека за амамот како туристичко искуство се интересираат и посетителите од Кина, Грција, Холандија и Германија.

Можете да прочитате

Скопје во март домаќин на првата регионална конвенција „Artist Republic 2026“ 

Зошто Водолиите изгледаат ладно, но сакаат длабоко и искрено?

Кофеинот останува во телото до 10 часа