Утрински Весник
Македонија

Турски државјанин приведен на Деве Баир

Apsenje.jpg

На 26.09.2024 во 18.00 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Е.С.(60) од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека меѓународните зелени карти за осигурување на товарното возило кое го управувал, како и за полуприколката, биле фалсификувани.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

Петровска: Ако службите се неспособни, оставки треба да поднесат министерот и директорите

Национална кампања за превенција од семејно насилство врз децата и адолесцентите

Американците ги избраа осумте најдобри места на Балканот: Две се во Македонија