Утрински Весник
Балкан

Турската Централна банка продала 44,3 милијарди долари од резервите заради стабилизација на лирата

20260401124610 big 730x400 43.webp.webp

Централната банка на Турција продала вкупно 44,3 милијарди долари од своите девизни резерви од почетокот на војната на Блискиот Исток, со цел да ја стабилизира турската лира во услови на зголемена пазарна нестабилност, покажуваат податоци на банката за периодот од 28 февруари до 30 март, пренесува порталот „Туркије тудеј“.

Гувернерот на банката Фатих Карахан изјави дека во овој период институцијата користела девизни свопови и злато за да го ублажи економското влијание од конфликтот, додавајќи дека побарувачката за свопови укажува оти нема недостиг од девизна ликвидност.


Според пресметките на економистот Хакан Кара, засновани на аналитичкиот биланс на банката, во неделата од 23 до 29 март биле продадени вкупно 21,5 милијарди долари од резервите, што претставува највисоко неделно ниво во историјата.

Во објава на платформата „Икс“, Кара укажа на структурни фактори што влијаат врз достапноста на девизи, како што се одливот на капитал и дефицитот на тековната сметка.

– Доколку се преземат сериозни мерки за ограничување на надворешниот дефицит, ситуацијата може да се стави под контрола. За таа цел, првично треба да се дозволи јасно забавување на побарувачката и кредитирањето – оцени економистот.

Активностите на централната банка довеле до значително намалување на вкупните резерви во овој период, наведува „Туркије тудеј“. Според најновото соопштение, бруто-резервите изнесувале 177,45 милијарди долари за неделата што завршува на 20 март, додека нето-резервите, коригирани со свопови, се намалиле на 43 милијарди долари, што ја одразува континуираната интервенција на девизните пазари.

Можете да прочитате

Продолжува истрагата на српското МВР во Ректоратот за смртта на 25-годишна студентка 

Силен земјотрес ја погоди Грција

Медиумски здруженија повикуваат на протест поради напади врз новинари во Србија