Утрински Весник
Свет

Туристи од Србија од синоќа заглавени на аеродромот во Хургада: Ни дадоа само пијалок и парче пица

Туристи од Србија од синоќа заглавени на аеродромот во Хургада: Ни дадоа само пијалок и парче пица

Околу 180 туристи од Србија, кои вчера од Хургада требаше да пристигнат во Белград, се уште се на аеродромот во Египет без информации кога нивниот авион би можел да полета.

dobivaj vesti na viber

Чартер лет ЈУ 9781 на компанијата Ер Србија, според распоредот на летови, требаше да слета на аеродромот „Никола Тесла“ утринава во 3 часот и 25 минути, но се уште не полетал од Хургада, јавува Н1.

Горан Стевановиќ, еден од туристите од Србија кој е заглавен во Хургада со своето семејство, изјавил за N1 дека авионот од Белград конечно слетал на аеродромот во Хургада и дека се надеваат дека наскоро ќе можат да си одат дома.

Како што истакна, на аеродром се веќе 12 часа, а искуството го опишува како страшно.

„Страшно, не знам што да кажам. Не само што е страшно, страшно е и малтретирањето на луѓето, луѓето да спијат на под. Ни велат „за час, за два, за три, не сме ние криви“. Агентот кој ја застапува (туристичка агенција) Травелленд вели: „Не сме ние виновни, вината е кај Ер Србија.“ Ер Србија вели: „Не сме ние виновни, тие се виновни.“ Не ми е гајле кој е виновен, тука сме заглавени 12 часа“, објаснува Стевановиќ.

Тој нагласил дека уште синоќа на веб-страницата на белградскиот аеродром било видено дека авионот ќе доцни, и дека побарал во тој момент да им се обезбеди сместување, но дека наишол на непријатности на локалниот персонал на аеродром.

„Доколку може да има негативна реклама за оваа дестинација, тоа би било оваа“, додал соговорникот и изјавил дека за цело време додека чекале на аеродромот им нуделе по еден безалкохолен пијалок и по едно парче пица за два часа.

На веб-страницата на белградскиот аеродром се уште нема информации кога би можел да слета авионот на летот JU 9781. Наместо очекуваното време на пристигнување, пишува само „ново време“.

Можете да прочитате

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“