Утрински Весник
Македонија

Тупанчески: Јакнењето на етичките вредности кај судиите е гарант за правдата и владеењето на правото во државата

Dik 300x250 mk

Министерот за правда Никола Тупанчески присуствуваше на тркалезната маса “Превенција и следење на корупцијата во судството“. Во своето обраќање Тупанчески се осврна на состојбите во судството и етичката одговорност на судиите.

dobivaj vesti na viber

„ Правосудството и борбата против корупцијата се дел од клучните точки на Кластерот “Основи” како еден од најважните во процесот на евроинтеграција. Почитувањето на етичките правила и принципи несомнено ќе ја подобри перцепцијата за судството, а во насока на зајакнување на довербата на јавноста. Очекувањата на граѓаните се секој судија да биде пример за судиската независност, објективност, правичност, што ќе ја гарантира правната сигурност и ќе придонесува за достоинствен живот“ рече Тупанчески.

Со цел за унапредување на независноста на судството, преку низа законски решенија се обезбедени формалните гаранции за судската независност во смисла на: траен мандат, формирање на судскиот совет, посебен судски буџет, соодветно уредена дисциплинска постапка и основи за нејзино поведување, доволно широк опсег на оценување и санкции и слично.

Етичката одговорност е предвидена во Кодексот за судска етика, а неговата содржина и како и улогата на Советодавното тело за судска етика, како и измените во законите кои се однесуваат на одговорноста на судиите, се позитивно оценети во рамки на четвртиот круг на евалуација на ГРЕКО. Позитивно оценети се и новиот Кодекс за етика на судиите и судиите поротници, со кој се воведени јасни етички правила, дополнителните упатства, објаснувања и практични примери дадени во придружен прирачник и воведувањето на задолжителна обука за антикорупциски мерки и етика.

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: Излезноста во Кочани манифестира најголема мизерија, наместо тој народ да бојкотира за децата кои ги загубија животите, се одлучија да гласаат за партиите кои го создадоа системот кој ги проголта

Пензионер од Скопје фатил провалник на дело во станот и тој го претепал

Цело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија