Утрински Весник
Македонија

Трудов инспекторат: „Лимак“ има вина за смртта на 34-годишниот работник, се преведуваат од турски изјавите на очевидците

Трудов инспекторат: „Лимак“ има вина за смртта на 34-годишниот работник, се преведуваат од турски изјавите на очевидците

„Лимак“ најверојатно ќе одговара оти не ги обезбедил потребните мерки за заштита на работа, но за тоа ќе се чека конечниот извештај од вонредниот надзор на Државниот инспекторат за труд. Директорката на Инспекторатот, Весна Томовска, вели дека на комплетирање на извештајот се уште се работи оти е неопходен превод од турски.

dobivaj vesti na viber

„За делот на случувањата и за пријавата за несреќа при работа со смртна последица на градилиштето во „Лимак“ извршен е инспекциски надзор од страна на овластен државен инспектор и веќе во моментот имаме забрана за вршење градежни активности на самото градилиште. Со оглед на пообемната документација, а и заради фактот дека дел од очевидците на настанот се турски државјани, во тек е постапка за преведување на изјавите на очевидците и по завршување на комплетниот инспекциски надзор од страна на Инспекторатот повторно до медиумите ќе биде лиферувано известување. Утврдена е одговорност, меѓутоа целосно, за да не давам паушални наводи, откога ќе се заврши целокупниот инспекциски надзор ќе излеземе со точно утврдена фактичка состојба и ќе има известување. Од она што го видов во предметот ќе има одговорност, најверојатно од страна на работодавачот не се обезбедени потребните мерки за заштита на работа“, рече директорката Томовска.

34-годишен работник со турско државјанство загина на градилиштето на „Лимак“ во вторникот по пад од околу десет метри висина.

Можете да прочитате

Минчев: Почнуваме со квалитетни реформи за професионална јавна администрација

Левица: Не смее да се деградира уставниот институт „интерпелација”

Над половина метар снег на Попова Шапка и Маврово