Утрински Весник
Свет

Трудо: Неидентификуван објект соборен над северна Канада

Трудо: Неидентификуван објект соборен над северна Канада

Премиерот Џастин Трудо објави дека по негова наредба американски воен авион соборил „неидентификуван објект“ кој летал високо над северна Канада, еден ден откако американските авиони презеле слична акција над Алјаска.

dobivaj vesti na viber

Непосредно пред твитот на Трудо, Северноамериканската воздушна одбранбена команда (НОРАД) соопшти дека открила „објект“ кој лета на голема височина над Канада.

„НОРАД“ не даде дополнителни информации, вклучително и кога првпат бил забележан „објектот“ или што е тоа.

Портпаролот, мајорот Оливие Галант, рече дека се распоредени и канадски и американски воени авиони кои работат како дел од „НОРАД“.

На Твитер, Трудо објави: „Наредив отстранување на неидентификуван објект што го наруши канадскиот воздушен простор. „@NORADCommand“ собори објект над Јукон. Беа испратени канадски и американски авиони, а американскиот Ф-22 успешно пукаше кон објектот“.

Тоа е трет „објект“ за кој се знае дека го нарушил северноамериканскиот воздушен простор во последните две недели.

Во друг твит, Трудо рече: „Разговарав со претседателот на САД Џозеф Бајден. Сега канадските сили ќе се соберат и ќе ги анализираат остатоците од објектот. Ви благодариме „NORAD“ што ја чувавте Северна Америка безбедна“.

Кинески шпионски балон е осомничен дека летал над Канада и САД речиси една недела пред да биде соборен од американски воени авиони во близина на Јужна Каролина минатата недела, пишуваат медиумите.

Војската на САД во петокот собори втор „објект“ над Алјаска, а властите не дадоа детали за што се работи.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња