Утрински Весник
Култура

Трпејца пулсира во ритамот на културно – забавното лето „На зајдисонце“

Трпејца пулсира во ритамот на културно – забавното лето „На зајдисонце“

По свеченото отворање трпејчани и гостите во петокот вечерта го проследија интересното предавање на студентот по историја Петар Симоноски за тврдината Осој која потекнува од VI век .

dobivaj vesti na viber

Осој се наоѓа југоисточно од Трпејца, на источниот брег на Охридско Езеро и се издига на ридот Осој, со надморска височина од 1.006 м. На јужната падина на врвот се гледаат остатоци од тврдина. Утврдувањето е изведено со два паралелни ѕида, оддалечени еден од друг околу 40 м. Ширината на ѕидовите варира од 1,50 до 2,40 м. На неколку места од внатрешниот (горниот) ѕид се наоѓаат остатоци од кули

Младиот Симоноски се осврна општо на историската димензија на овој уште докрај неистражен простор а преку фотографии ја зголеми љубопитноста на гледачите за локалитетот.

Вечерта со интерпретација на грст стихови од македонски автори посветени на Трпејца, езерото и Охрид присутните со аплауз ја поздравија изведбата на познатата македонска актерка Марија Кондовска, која домаќините одамна ја сметаат за натурализирана трпејчанка. Вечерта беше заокружена со настапот на младиот гитарист Мухамед Асан од Охрид.

Викендот, резервиран за прокеција на два документарни филмови. Во саботата „Трпејца на дланка“ од авторот Милчо Јованоски а во режија на Томе Љушев и „Шпанец продукција“. Свој кус но ефектен настап имаа D ANGELS . Синоќа беше прикажан “Охридските пливачки легенди“ од авторот и вљубеник во документаристиката Љупчо Паункоски од Охрид. Филмот зборува за подемите и падовите на Охридскиот пливачки маратон низ призмата на неколкумината маратонски пливачки асови од Охрид и Струга и нивните успеси по светот.

Со громогласен аплауз публиката го поздрави присуството на живата пливачка легенда Димитар Дики Бојаџи кој со нескриена радост и возбуда зборуваше пред присутните за своите нои за подвизите на неговата покојна сестра Атина Бојаџи и останатите пливачи – маратонци: Климе Савин, Нико Нестор…

Претпладнето домаќините и туристите заедно по традиција ја пропешачија патеката Чоколско која минува низ живописна природа и е со неодолив поглед кон езерото.

Вечерва, 24 јули во Трпејца ќе гостува бендот 3.0 ( три промили ) утре – денот е резервиран за традиционалната Кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

Во среда на 26 јули од 19:30 часот посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе можат да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.

Час подоцна ќе следи интересната видео презентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за Драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „зајдисонцето“ охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“