Утрински Весник
Македонија

Трошоците на живот во 2024 година зголемени за 3.5 %, а цените на мало за 3.8 %

Parite 37qcim4nwd2wawdd6qyxhc 960x528 1.jpg

Трошоците на животот во 2024 година, во однос на 2023 година, бележат пораст од 3.5 %, а цените на мало од 3.8 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во декември 2024, пак, во споредба со истиот месец од 2023 година, трошоците на живот се зголемени за 4.4 %, а цените на мало за 4.3 %.


Движењето на индексот на трошоците на животот во 2024 година беше различно кај одделни групи на потрошувачката.

Пораст на индексите е забележан во сите групи: Ресторани и хотели за 9.9 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 7.6 %, Здравје за 5.3 %, Разновидни стоки и услуги за 5.1 %, Рекреација и култура за 4.9 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 3.8 %, Облека и обувки за 3.1 %, Комуникации, Храна и безалкохолни пијалаци за 2.9 %, Транспорт, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 1.4 % и Образование за 0.2 %.

Движењето на индексот на цените на мало во 2024 година, исто така, беше различно кај одделни групи производи.

Пораст на индексите е забележан во сите групи: Земјоделски производи за 7.1 %, Услуги за 5.0 %, Пијалаци за 4.0 %, Индустриско-прехранбени производи за 3.5 %, Индустриско-непрехранбени производи и тутун за 2.1 %.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, изнесуваше 0.3 %. Зголемувањето на инфлацијата во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 4.8 %, рекреација и култура за 1.7 %, ресторани и хотели за 0.4 %, облека и обувки за 0.2 %, разновидни стоки и услуги за 0.1 %.

Можете да прочитате

Новиот Кривичен законик чека мислење од ЕК, се работи и на неколку други законски решенија

Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци во државата

Сончево и релативно топло – 24info.mk