Утрински Весник
Економија

Трошоците на живот на годишно ниво зголемени за 4,1 проценти, а цените на мало за 3,6

Market.webp.webp

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2025 година во однос на ноември 2025 изнесуваше 0,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Индексот на трошоците на живот во 2025 година во однос на 2024 бележи пораст од 4,1 проценти, а индексот на цените на мало од 3,6  проценти.        
         
Движењето на индексот на трошоците на живот во 2025 година се разликува кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во сите групи: Ресторани и хотели за 7,2 проценти, Рекреација и култура за 6,4 проценти, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5,9 проценти, Храна и безалкохолни пијалаци за 5,2 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 4,6 проценти, Разновидни стоки и услуги за 3,7 проценти, Облека и обувки, Здравје за 3,1 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 1,8 процент, Комуникации за 1,3 процент, Транспорт за 0,8 проценти и Образование за 0,1 проценти.

ДЗС појаснува дека зголемувањето на инфлацијата во декември 2025 година во однос на ноември 2025 година е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: Транспорт за 5,8  проценти, Рекреација и култура за 0,8 проценти, Здравје за 0,7 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти, Ресторани и хотели за 0,4 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти, Разновидни стоки и услуги, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1 проценти. 
 
Во декември 2025 година во однос на ноември 2025 година намалување на трошоците на животот има во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 0,4  проценти и Облека и обувки за 0,2 проценти, а во Образование и Комуникации останале на исто ниво како и во претходниот месец.                                           

ДЗС соопшти дека индексот на трошоците на животот во декември 2025 година во однос на декември 2024 година бележи зголемување од 4,1 процент, а кај индексот на цените на мало има пораст од 3,7 проценти.                

Индексот на цените на мало во декември 2025 година во однос на ноември 2025 година изнесуваше 101,9, наведува ДЗС.

Можете да прочитате

Славески: Инфлацијата ќе се движи по патека на надолно приспособување

Возниот парк во земјава стар 20 години, доминираат дизел возилата, само еден отсто се хибридни и електрични

Раст и на извозот и на увозот во периодот јануари – ноември 2025 година